Заследете не на Facebook страницата на Cammeo такси и преку апликацијата освојте вредни награди!
За да не бидеш секогаш оној кој ги моли пријателите за превоз, имаш можност да освоиш супер износ на Cammeo апликацијата за возење низ градот! Cammeo ти излегува во пресрет, барем кога станува збор за превозот.
Следете ја нашата официјална страница на Фејсбук бидејќи ве очекуваат интересни креативни натпревари, загатки и задачи, а ние даваме супер износи на апликацијата Cammeo.
Погледнете и шепнете на вашите пријатели кои исто така имаат потреба од бесплатен превоз.
И воопшто не грижи се, со нас возењето е безбедно и сигурно. Сите наши возила имаат заштитни прегради, како и средства за дезинфекција. Ние го штитиме нашето и вашето здравје.
Доколку имате дополнителни прашања или предлози, слободно испратете ни е-пошта на info@cammeo.mk !
Превземи ја апликацијата:
Андроид апликација: https://goo.gl/gtozU5
Апликација за iOS: https://goo.gl/MPtXIM
Нашата официјална страница на Facebook можете да ја следите ТУКА .
Среќни сме што ве возиме.
Вашето Cammeo Такси
Правила за учество :
Член 1
Наградните игри започнуваат на 20.08.2020 година и траат до 31.12.2021 година и ќе се одвиваат по потреба од Организаторот.
Спроведувач на конкурсот и извршител на обработка на лични податоци е КАММЕО ГРУПА ДООЕЛ СКОПЈЕ „Бул. Кузман Јосифовски Питу бр.15 Скопје – Аеродром” ЕДБ:4080019586268, сопственик на Фејсбук страницата „Такси Каммео“) понатаму во текстот „Администратор“ на натпреварот.
Член 2
Право на учество имаат сите возрасни физички лица, со адреса на живеење во Република Северна Македонија, кои се фанови/обожаватели на Такси Каммео (https://www.facebook.com/taxicammeomk/) Фејсбук страницата.
Член 3.
Секој учесник во актуелната наградна игра може да учествува неколку пати, но може да освои само една награда за време на траење на натпреварот. Секој учесник може да понуди неограничен број одговори или решенија во еден награден натпревар. Одговорите/коментарите несмеат накнадно да се поправаат или додаваат.
Секој учесник во наградните игри може да освои една награда во рок од ТРИ месеци.
Член 4.
Правилата на учество ќе бидат објавени во статусот на наведените страници непосредно пред почетокот на натпреварот.
Член 5.
Резултатот од натпреварот и објавата на победниците ќе биде објавен најкасно во рок од 5 дена по завршувањето на натпреварот, односно како што ќе биде наведено во статутот на поедини натпревари. Победниците на натпреварот ги утврдува Администраторот на наградниот натпревар.
Член 6.
Наградата ќе биде наведена во статусот на поедините натпревари кои се актуелни.
Член 7.
Добитниците на наградите во рок од 5 дена ќе бидат известени за добиената награда на Facebook фан страницата Cammeo. Добитниците се должни откако ќе бидат известени, во рок од 5 дена, да се јават на администраторот (во инбокс на наведената Facebook страна) потребни податоци (е-маил адреса, број на мобилен телефон), поради достава на наградата. Во случај добитникот да не се јави во одредениот рок, го губи правото на награда.
Наградите ќе бидат доставени од страна на Организаторот во рок од 7 дена од денот на прогласувањето на добитниците.
Со реализација на наградите, престануваат сите обврски на организаторот према добитниците, така што наградите е невозможно да се заменат за пари или друга награда.
Добитниците ќе учествуваат во примопредавањето на наградата со администрирање на целата потребна документација.
Имињата на добитниците ќе бидат објавени на Facebook страницата на Cammeo во рок од 5 дена по завршувањето на наградната игра.
Член 8
Со пријавување во наградната игра учесниците се согласни дека Водителот/Извршителот на обработката на податоци (Data Processor), смеe да ги обработува податоците за целите на спроведување на наградната игра. Водителот/Извршителот на обработката на податоци, ќе ги чува личните податоци на учесникот на наградната игра во следните 120 дена по завршување на наградната игра, по што ќе бидат уништени.
Податоците на добитниците ќе бидат чувани 10 години согласно Законските регулативи.
Извршителот на обработка на личните податоци нема да ги открие или отстапи податоците на трето лице, освен на организаторот и субјектите вклучени во наградната игра.
Извршителот на обработка на личните податоци ќе ги обработува податоците според Законот за заштита на лични податоци( („Службен весник на Република Македонија“ бр. 7/2005, 103/2008, 124/2008, 124/2010, 135/2011, 43/2014, 153/2015, 99/2016 и 64/2018).
Давањето на податоците во рамки на овој натпревар е доброволно. Во случај учесникот да мисли дека обработката на податоците e во спротивност со заштитата на неговата приватност или се спротивни на законот може да се обрати на Организаторот на наградната игра и побара објаснување.
Прогласените добитници во наградната игра се согласни да Организатор/Извршителот може да ги користи неговото име, адреса и фотографија при примопредавањето на наградите во објавите и репортажите без било каква надокнада за остварување на целите за јавни известувања за резултатите од наградните игри.
Секој учесник има право од администраторот на обработката на податоци да побара пристап за исправка или бришење на лични податоци, или право на вложување на приговор за обработката и правата за преносливост на податоците.
Учесникот има право, во било кој момент, да ја повлече согласноста, а тоа да не влијае на законитоста на обработката која се темелела на согласност пред да биде повлечена и право на поднесување на приговор на надзорниот орган.
Извршителот на обработката на податоци може да ги пренесе Вашите лични податоци, но секогаш во склад со законските одредби, со што ќе гарантира адекватна заштита на личните податоци.
Член 9
Facebook не е одговорен за промоција, ниту пак има било каква врска со истото, според тоа се ослободува од било каква одговорност спрема било кој учесник.
Facebook овде служи како платформа за спроведување на натпреварот, а со тоа има пристап на Вашите лични податоци во мерките опишани во правилата за приватност на Facebook кои можете да ги најдете на линкот: http://blog.cammeo.mk/mk/blog/zasledete-ne-na-facebook-stranicata-na-cammeo-taksi-i-preku-aplikacijata-osvojte-vredni
Приредувачот не презима одговорност за:
- било каква последица настаната како резултат на злоупотреба на содржината од страна на учесниците и злоупотреба на системот на функционирањето на натпреварот на штета на учесникот или на трето лице;
- (не) функционирање на интернет и Facebook и последици од (не) функционирање без оглед на причината на (не) функционирањето;
- ако содржината креирана од страна на Учесникот ги крши правата, патентите или заштитените жигови од трети лица Организаторот има право таквите содржини да ги елиминира без образложение.
Член 10
Учесниците автоматски ги прифаќаат актуелните правила со самата пријава за учество на наградната игра.
Организаторот има право да ја откаже или прекине наградната игра во случај на виша сила.
Организаторот или било кој друг субјект ангажиран од страна на истиот, не преземаат одговорност за било каква штета или надокнада во врска со трошоци настанати поради неспроведување на наградната игра или за времетраење на наградната игра.
Организатор/Администратор не презема никаква одговорност за загубени пратки пратени по пошта.
По 60 дена од завршувањето на наградната игра организаторот нема да прима никави жалби поврзани со истата.
Организаторот нема да подели никакви додатни награди освен наведените во Facebook објавите.
Скопје 20.08.2020.
Каммео Група ДООЕЛ Скопје
Организатор