Вработуваме: Раководител на возен парк
Раководител на возeн парк
Дали сакате да бидете одговорни за насмеаните лица на задоволните патници кои благодарение на вас и колегите возачи среќно пристигнаа од точката А до точката Б?
Дали ви се допаѓаат автомобили? Дали го имате работењето со компјутер во малиот прст? Дали сте организирани и ништо не препуштате на случајноста?
Одлично, затоа што навистина те бараме тебе!
Пријавете се уште денес за работното место „Раководител на возен парк“ и станете дел од нашиот тим :)
Опис на работните места:
-економично управување со возниот парк и грижа за исправноста и безбедноста на возилата во согласност со закон.
- Подготовка, навремено ажурирање и чување на сета потребна документација за возилата.
- Подготовка на налози за патување, планирање на рути.
- Водење евиденција за технички, периодични прегледи и осигурување на возила.
- Координација со сервисите и одобрување на поправки.
- Комуникација со возачите во случај на оштетување и административни работи.
- Детална евиденција за сервисирање и поправки и евиденција за преземените чекори за пријавени дефекти на возилото.
- Прави нарачки за ситен инвентар за возниот парк како и редовни набавки потребни за возниот парк.
- Контакт со надлежните органи во случај на сообраќајни незгоди
- Следење на сообраќајните прописи и познавање на меѓународните закони за увоз/извоз на возила и опрема.
- Вршење стручен надзор над техничката состојба и квалитетот на одржувањето на возилото од страна на возачот.
-Техничка поддршка на возачите при работа на возачот, поправка на полнач, печатач, таксиметар или нивна замена
- Предлагање мерки за подобрување на процесот на одржување на возилата и управување со возниот парк.
- Прима извештаи за дефекти, отвора нарачки и организира поправки
-Изработка на извештај за состојбата на возниот парк за тековната и следната година.
Услови:
-Возачка дозвола - Б категорија.
-Стручно техничко образование.
-Искуство со контрола на возила и возачи.
-Работно искуство во управување со возен парк најмалку 3 години.
-Напредно познавање на MS Office алатките.
-Организациски и комуникациски вештини.
Доколку ги исполнувате потребните квалификации, доставете ја Вашaта професионална биографија на hr@cammeo.mk.