СО МАСТЕРКАРД ПЛАЌАЈ И СО КАММЕО МНОГУ ПАРИ ФАЌАЈ
ПРАВИЛА НА НАГРАДНАТА ИГРА
„СО МАСТЕРКАРД ПЛАЌАЈ И СО КАММЕО МНОГУ ПАРИ ФАЌАЈ“
Согласно чл.126, чл.127 и чл.128 од Законот за игрите на среќа и за забавните игри (Сл. весник на РСМ, број 24/2011, 51/2011, 148/2011, 74/2012, 171/2012 и 27/14), се утврдуваат следните правила на наградната игра:
Член 1
ОРГАНИЗАТОР
Организатор на наградната игра „СО МАСТЕРКАРД ПЛАЌАЈ И СО КАММЕО МНОГУ ПАРИ ФАЌАЈ“ (во понатамошниот текст “Наградна игра“) е ДТПТУ КАММЕО ГРУПА ДООЕЛ СКОПЈЕ, со седиште во Скопје, бул: Кузман Јосифовски – Питу бр.15 Скопје – Аеродром, пфах 70, 1000 Скопје (во понатамошниот текст: ОРГАНИЗАТОР).
Член 2
ПРОИЗВОДИ И УСЛУГИ
Наградната игра има за цел рекламирање на производите за физички лица од понудата на МАСТЕРКАРД (MASTERCARD) и услугите за превоз на Каммео.
Член 3
ОФИЦИЈАЛНО ИМЕ, ОПИС И ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА НАГРАДНАТА ИГРА
Официјалното име на Наградната игра е „СО МАСТЕРКАРД ПЛАЌАЈ И СО КАММЕО МНОГУ ПАРИ ФАЌАЈ“.
Наградната игра е наменета за сите физички лица корисници на МАСТЕРКАРД платежни картички и корисници на услугите за превоз на Каммео Такси.
Наградната игра ќе започне на ден 15.03.2021 (06:00) и ќе трае до 15.06.2021 (23:59) година.
Член 4
ПРАВО НА УЧЕСТВО ВО НАГРАДНАТА ИГРА
Квалификувани за учество во Наградната игра се сите физички лица – државјани на Република Северна Македонија (лица со и над 18 - годишна возраст), кои се корисници на МАСТЕРКАРД (MASTERCARD) платежни кредитни и дебитни картички и тоа за направена безготовинска трансакција при користење на услугите за такси превоз на ОРГАНИЗАТОРОТ во периодот од 15.03. 2021 (06:00) година до 15.06.2021 (23:59) година, а кои што во текот на поединечниот награден циклус за кој се доделуваат награди, имаат направено најмалку едно возење со такси возилата на ОРГАНИЗАТОРОТ и таквата услуга ја платиле со МАСТЕРКАРД (MASTERCARD) платежни кредитни и дебитни картички.
Право на учество во наградната игра немаат лицата вработени во ДТПТУ Каммео Група ДООЕЛ Скопје, вклучувајќи ги и нивните потесни семејства, и тоа: родител, дете, брат, сестра и брачен другар/вонбрачен другар.
Лицата од ставот 1 од овој Член, за секоја трансакција направена со МАСТЕРКАРД платежна кредитна или дебитна картичка во возилата на ОРГАНИЗАТОРОТ во периодот на траење на наградната игра, добиваат:
Фискална сметка за користена услуга за такси превоз од ОРГАНИЗАТОРОТ и Слип (потврда) од POS терминалот за извршеното плаќање со MАСТЕРКАРД платежната картичка, како и електронска конфирмација/извод за извршената трансакција.
Член 5
ТЕРИТОРИЈА
Наградната игра се организира за физички лица – корисници на МАСТЕРКАРД (MASTERCARD) платежни кредитни и дебитни картички, за направена безготовинска трансакција при користење на услугите за такси превоз на ОРГАНИЗАТОРОТ, на територијата на Република Северна Македонија.
Член 6
ПОДАТОЦИ ЗА НАГРАДИ (ПОЕДИНЕЧНА, МЕСЕЧНА И ВКУПНА ВРЕДНОСТ)
Во Наградната игра ќе бидат доделени следните награди:
Вид на награда |
Количина |
Единечна цена* |
Вкупна цена* |
Прва (главна) месечна награда во износ од 100.000,00 денари |
3 |
100.000,00 ден. |
300.000,00 ден. |
Втора месечна награда во износ од 30.000,00 денари |
3 |
30.000,00 ден. |
90.000,00 ден. |
Трета месечна награда во износ од 10.000,00 денари |
3 |
10.000,00 ден. |
30.000,00 ден. |
*Паричните награди не подлежат на Данок на Додадена Вредност (ДДВ)
Исплатата на наградите на избраните добитници ќе биде во износ на единечна цена намалена за износот на Данок на личен доход.
Вкупниот месечен награден фонд со вклучен Данок на личен доход изнесува 140.000,00 денари.
Вкупниот награден фонд со вклучен Данок на личен доход изнесува 420.000,00 денари.
Член 7
УСЛОВИ ЗА УЧЕСТВО ВО НАГРАДНАТА ИГРА
Лицата од член 4 став 1, се квалификувани учесници во Наградната игра, доколку се корисници на МАСТЕРКАРД (MASTERCARD) платежни кредитни и дебитни картички и тоа за направена безготовинска трансакција при користење на услугите за такси превоз на ОРГАНИЗАТОРОТ во периодот од 15.03.2021 (06:00) година до 15.06.2021 (23:59) година, а кои што во текот на поединечниот награден циклус за кој се доделуваат награди, имаат направено најмалку едно возење со такси возилата на ОРГАНИЗАТОРОТ и таквата услуга ја платиле со МАСТЕРКАРД (MASTERCARD) платежни кредитни или дебитни картички.
Член 8
ВЕРИФИКАЦИЈА НА КВАЛИФИКУВАНОСТ И ПРАВО НА УЧЕСТВО
Наградата ќе биде доделена само ако учесникот е квалификуван, има право на учество и ако целосно ги почитува Правилата на Наградната игра.
Член 9
ДАНОЦИ, ЗАМЕНИ, ПРЕНОС И ОДГОВОРНОСТ КОН НАГРАДАТА
ОРГАНИЗАТОРОТ е одговорен за сите даноци, надоместоци или одговорности поврзани со наградата, вклучувајќи и данок на личен доход.
Наградата не смее да се пренесува на друго лице пред претходно доделување на истата на добитникот на наградата.
Член 10
КОРИСТЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ
ОРГАНИЗАТОРОТ има право личните податоци на добитникот да ги користи во своите идни маркетинг активности, по претходно добиена писмена согласност од страна на добитникот за користење на неговите лични податоци.
Член 11
ОТКАЖУВАЊЕ НА НАГРАДНАТА ИГРА
ОРГАНИЗАТОРОТ има право да ја откаже Наградната игра во било која фаза, по добивање на одобрение од Министерство за финансии со известување до јавноста преку дневниот печат, доколку настапи штетна последица предизвикана со кривично дело или поради делување на виша сила.
Член 12
ОТСТРАНУВАЊЕ НА СПОРОВИТЕ ЗА НАГРАДНАТА ИГРА КОИШТО БИ МОЖЕЛЕ ДА НАСТАНАТ
Евентуално настанатите спорови помеѓу ОРГАНИЗАТОРОТ и учесниците во Наградната игра ќе ги решава надлежниот суд во Скопје.
Член 13
ИЗВЛЕКУВАЊЕ НА НАГРАДИТЕ
Извлекувањето на наградите ќе се врши, по завршување на секој поединечен циклус за кој се даваат награди и тоа со почеток во 10:00 часот во првиот работен петок по завршување на наградниот интервал за конкретниот циклус, во просториите на Стопанска банка АД – Скопје (сопственик на ПОС терминалите и деловен соработник на Каммео Група ДООЕЛ Скопје), на адреса ул. 11 Октомври бр. 7, 1000 Скопје согласно следниот распоред:
Добитниците на наградите ќе бидат извлечени автоматски од базата на податоци во сопственост на Стопанска Банка АД Скопје, во која база влегуваат корисниците на услугите на ОРГАНИЗАТОРОТ кои плаќањето го извршиле со МАСТЕРКАРД (MASTERCARD) платежни картички, по принципот на случаен избор од страна на лице од Банката со помош на специјален софтвер изготвен за таа намена.
Ред Бр. |
Датум |
Награден Циклус |
Награден интервал по циклус |
Добитник |
Резервен |
Добивка |
1 |
16.04.2021 |
Циклус 1 |
15.03.2021 -14.04.2021 |
1 |
2 |
100.000,00 |
2 |
16.04.2021 |
Циклус 1 |
15.03.2021 – 14.04.2021 |
1 |
2 |
30.000,00 |
3 |
16.04.2021 |
Циклус 1 |
15.03.2021 – 14.04.2021 |
1 |
2 |
10.000,00 |
4 |
21.05.2021 |
Циклус 2 |
15.04.2021 – 14.05.2021 |
1 |
2 |
100.000,00 |
5 |
21.05.2021 |
Циклус 2 |
15.04.2021 – 14.05.2021 |
1 |
2 |
30.000,00 |
6 |
21.05.2021 |
Циклус 2 |
15.04.2021 – 14.05.2021 |
1 |
2 |
10.000,00 |
7 |
25.06.2021 |
Циклус 3 |
15.05.2021 – 15.06.2021 |
1 |
2 |
100.000,00 |
8 |
25.06.2021 |
Циклус 3 |
15.05.2021 – 15.06.2021 |
1 |
2 |
30.000,00 |
9 |
25.06.2021 |
Циклус 3 |
15.05.2021 – 15.06.2021 |
1 |
2 |
10.000,00 |
Во секој поединечен награден циклус за кој се доделуваат награди, учествуваат само оние лица кои имаат направено најмалку едно возење со такси возилата на ОРГАНИЗАТОРОТ во конкретниот циклус и таквата услуга ја платиле со МАСТЕРКАРД (MASTERCARD) платежни кредитни и дебитни картички.
Извлекувањето на сите награди ќе се одвива, во присуство на комисија составена од тројца официјални претставници, и тоа:
- Еден претставник од Стопанска Банка АД - Скопје
- Еден претставник од Каммео Група ДООЕЛ - Скопје
- Нотар од Република Северна Македонија
При секое од 9те извлекувања, ќе бидат извлечени 1 добитник на награда и 2 резервни добитници.
Член 14
ИЗВЕСТУВАЊЕ И ПОДИГНУВАЊЕ НА НАГРАДАТА
Добитниците на наградите ќе бидат објавени во рок од 3 дена од денот на извлекувањето на наградите на веб страната на ОРГАНИЗАТОРОТ https://cammeo.mk/mk како и на ФБ официјалната страна на ОРГАНИЗАТОРОТ: Taxi Cammeo - MK
ОРГАНИЗАТОРОТ ќе го извести добитникот за добиената награда телефонски преку својот КОНТАКТ ЦЕНТАР, а доколку добитникот на наградата има дадено своја согласност, ОРГАНИЗАТОРОТ може да ги користи неговите лични податоци и во маркетинг цели.
Наградата ќе биде доделена преку исплата на добиените средства на трансакциската сметка на добитникот во рок од 15 дена од денот на објавување на добитниците на наградите.
Со конечната реализација на наградата престануваат сите обврски на ОРГАНИЗАТОРОТ на Наградната игра кон добитникот.
Член 15
ЗАПОЗНАВАЊЕ НА УЧЕСНИЦИТЕ СО ПРАВИЛАТА НА НАГРАДНАТА ИГРА
Правилата на Наградната игра во целост ќе бидат објавени на веб страната на ОРГАНИЗАТОРОТ https://cammeo.mk/mk, по добивањето на согласност од Министерството за финансии на Република Северна Македонија, а пред почетокот на Наградната игра.
Член 16
ПРАВО НА ПРИГОВОР
Незадоволниот учесник во Наградната игра има право во рок од 3 дена од денот на објавување на добитниците на наградите да поднесе приговор во писмена форма до ОРГАНИЗАТОРОТ на Наградната игра, кој е должен во рок од 5 дена од приемот на истиот писмено да одговори на добиениот приговор.
Член 17
ЗАБРАНА ЗА УЧЕСТВО ВО НАГРАДНАТА ИГРА
Право на учество во наградната игра немаат лицата вработени во ДТПТУ Каммео Група ДООЕЛ Скопје, вклучувајќи ги и нивните потесни семејства, и тоа: родител, дете, брат, сестра и брачен другар/вонбрачен другар. Право на учество немаат ниту MASTERCARD Business картичките.
Доколку извлечениот добитник е лице кое ги исполнува условите од став 1 од овој член, истиот нема да има право на наградата и ќе биде заменет со првиот од резервните добитници кој ќе ги исполнува во целост Правилата на наградната игра. Добитникот пред да ја подигне наградата ќе потпише потврда дека во своето најблиско семејство нема вработени од ДТПТУ Каммео Група ДООЕЛ Скопје.
Член 18
НАЧИНИ НА ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА НАГРАДНАТА ИГРА
За известување за Наградната игра ќе бидат користени следните средства:
- Рекламни пораки/известувања на веб страната на ДТПТУ Каммео Група ДООЕЛ Скопје (https://cammeo.mk/mk)
- Рекламни пораки на радио,
- Веб банери, Социјални медиуми,
- Постери поставени во такси возилата на ДТПТУ Каммео Група ДООЕЛ Скопје,
- E-mail, смс, push up маркетинг;
Член 19
ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ
Со исполнување на Правилата за учество во Наградната игра, корисниците ги прифаќаат одредбите од овие правила. Овие правила ќе се применуваат по добивање на согласност од Министерството за финансии на Република Северна Македонија и по нивното јавно објавување, а ќе важат до завршувањето на Наградната игра, односно до завршувањето на исплатата на наградите.
ДТПТУ KAMMEO ГРУПА ДООЕЛ Скопје
Подносител:
Стефан Николиќ
Извршен Директор