ДРУГАTA СТРАНА НА ПРИКАЗНАТА

Луѓето се движечката сила, моќ и енергија на Cammeo. Секој од нашите вработени е важен член на тимот и секој од нив е заслужен за она што сме денес. Горди сме на нашите возачи и затоа ви прикажуваме некои од нивните приказни овде!
Реџеп Лимани, 27 години
Со што се занимававте пред да се вработите во Cammeо?
Пред да се вработам во Cammeo имам работено како таксист во други такси компании во градот.
Што Ве привлече да се вработите во Cammeо (каде слушнавте за вработувањето)?
За Cammeo слушнав од колеги кои веќе преминаа да работат таму, ми ги кажаа условите кои искрено, беа многу подобри од оние на кои бев навикнат. Не размислував многу и решив да аплицирам за работа.
Колку време Ви требаше да се навикнете на работата?
Пред да почнам со работа имав обука која многу ми помогна, колегите ми дадоа објаснување за секој аспект од работата, заради што веднаш се прилагодив. Имав претходно искуство така што прилагодувањето беше многу брзо.
Дали сте задоволни од работат и што највеќе Ви се допаѓа на работното место таксист?
Во нашата држава професијата таксист е потценета и условите кои ги нудат такси компаниите не се идеални за тоа во еден период се двоумев дали да ја сменам професијата, но откако дојдов во Cammeo сум сигурен дека сакам да останам тука. Да се биде такси возач од една страна е доста стресно заради постојаните гужви низ градот но, од друга страна и интересно, се среќавате со многу луѓе, создавате контакти и никогаш не ви е здодевно.
Што би им порачале на идните колеги?
На сите оние кои моментално се занимаваат со оваа професија или би сакале во иднина да бидат таксисти нека дојдат во Cammeo нема да згрешат.
Што би им порачале на патниците?
На сите патници би им препорачал да се возат со Cammeo, јас и моите колеги ќе дадеме се од себе за сигурно, навремено и безбедно да стигнат на посакуваната дестинација.
Cammeo ви нуди одличен приход, како и грижа да бидете максимално подготвени кога ќе седнете зад воланот. Тоа е нашата задача. Ваше е само да не исконтактирате на hr@cammeo.mk или 15 777 и да станете дел од победничкиот тим. Се гледаме!