ДРУГАTA СТРАНА НА ПРИКАЗНАТА
Луѓето се движечката сила, моќ и енергија на Cammeo. Секој од нашите вработени е важен член на тимот и секој од нив е заслужен за она што сме денес. Горди сме на нашите возачи и затоа ви прикажуваме некои од нивните приказни овде!
Сашко Николовски, 59 години
Што Ве привлече да се вработите во Cammeо?
Имам големо искуство како такси возач и ги познавам сите такси компании во градот. Свесен бев дека е потребна некоја промена во дејноста и тоа се случи со доаѓањето на Cammeo во Скопје. Штом видов на социјалните мрежи дека копманијата е во потрага по возачи, веднаш ги исконтактирав и имав среќа да станам дел од тимот.
Кое е вашето хоби во слободно време?
Целото свое слободно време го поминувам во природа каде ги полнам батериите на страна од градскиот метеж во кој се наоѓам постојано. Планинарството е мое хоби. Сум посетил многу планински врвови низ целата држава и пошироко.
Што е тоa што Cammeo го прави поразлично од останатите?
Јас како голем љубител и уживател на природата и чистиот воздух морам да потенцирам дека Cammeo е единственото зелено такси во Скопје, такси кое се грижи за околината во која живееме. Возилата кои ги возиме се на метан заради што имаат минимална емисија на штетни гасови. Покрај ова Cammeo нуди можност за наплата преку ПОС терминали со патежни картичики, има нови и климатизирани возила кои редовно се дезинфицираат. Cammeo даде друг аспект на такси возењето во градот.
Што највеќе Ви се допаѓа на работното место таксист?
Контактот со клиентите, нивните приказни и случувања се тоа што ми се допаѓа во оваа професија. Некои се тивки и само гледаат низ прозорецот, а други пак се спремни да го раскажат целиот живот во 10 минути, а јас можам да се прилагодам на нивните потреби. Среќен сум што помеѓу нив стекнав и пријатели со кои денот секогаш ми поминува поубаво.
Колку време Ви требаше да се навикнете на работата?
Секој почеток е тежок, но благодарение на искуството и тимот кој стои позади нас во целиот процес на обучување сите нејаснотии се надминаа многу брзо.
Што би им порачале на идните колеги?
Секој оној кој што сака да вози и не му смета градскиот метеж и сака да работи како такси возач, подобри услови и примања не може да добие во ниедна друга такси компанија.
Што би им порачале на патниците?
Што да им порачам? Патниците кои што се возеле барем еднаш, ретко бираат друга компанија. Во возилата на Cammeo можат да платат со платежни картичи, да повикаат кола преку апликација и безбедно да се возат во чисти нови и климатизирани возила.
Cammeo ви нуди одличен приход, како и грижа да бидете максимално подготвени кога ќе седнете зад воланот. Тоа е нашата задача. Ваше е само да не исконтактирате на hr@cammeo.mk или 15 777 и да станете дел од победничкиот тим. Се гледаме!