ДРУГАTA СТРАНА НА ПРИКАЗНАТА

ДРУГАTA СТРАНА НА ПРИКАЗНАТА

Луѓето се движечката сила, моќ и енергија на Cammeo. Секој од нашите вработени е важен член на тимот и секој од нив е заслужен за она што сме денес. Горди сме на нашите возачи и затоа ви прикажуваме некои од нивните приказни овде!

Тони Наумов, 56 години

 

Со што се занимававте пред да се вработите во Cammeо?

Најголем период од животот се посветив на такси дејноста во која целосно се пронајдов и како професионален возач влегов во тимот на Cammeo. Покрај возењето бев и инструктор по латино танци кои сеуште се дел од моето секојдневие.

 

Кое е вашето хоби во слободно време?

Како што веќе напоменав вљубеник сум во латино танците уште од својата младост. Салса, бачата, аргентинско танго...танцувањето е дел од мојот живот и е предизвик исто како и такси дејноста. Совладувањето на само на изглед лесните чекори во танцувањето е еднаков предизвик како и совладувањето на 1600 улици во Скопје.

 

Што Ве привлече да се вработите во  Cammeо (каде слушнавте за вработувањето)?

Со оглед на тоа што такси дејноста ми е добро позната, а Cammeo како компанија е европски ориентирана и позната како лидер во такси дејноста во регионот, штом видов објава на Facebook дека Cammeo започнува со работа во Скопје веднаш добив желба да бидам дел од тимот.

 

Опиши го Cammeo со три збора

Европско, еколошко, сигурно

 

Што највеќе Ви се допаѓа во работното место таксист?

Возењето е моја пасија. Јас сум комуникативна личност и постојаниот контакт со луѓето ми го разубавува секој ден. Таксист сум долги години и тоа е работата во која се чувствувам свој.

 

Колку време Ви требаше да се навикнете на работата?

Многу добро го познавам градот, а системот на кои работиме во Cammeo е лесен за користење, така што многу брзо се вклопив и не ми беше никаков проблем успешно да си ја извршувам работата уште од самиот почеток.

 

Што би им порачале на идните колеги?

Би им препорачал да дојдат и да бидат дел од нашиот тим кои е најдобар во градот и секако нека им е со среќа.

 

Што би им порачале на патниците?

Среќен сум што патниците веќе нé препознаваат и знаат дека кога се возат со Cammeo не треба да се грижат за ништо, добиваат безбедно, сигурно и најевтино возење. А за оние кои сеуште не се возеле со нас ги повикувам да го меморираат телефонскиот број 15 777 каде ќе ги пречекаат љубезните колеги од диспечерскиот центар или да ја преземат Cammeo апликацијата и да уживаат во професионалното возење. И секако доколку нé сретнат низ улиците на Скопје, слободно нека кренат рака ние ќе ги однесеме до посакуваната дестинација.

 

Cammeo ви нуди одличен приход, како и грижа да бидете максимално подготвени кога ќе седнете зад воланот. Тоа е нашата задача. Ваше е само да не исконтактирате на hr@cammeo.mk или 15 777 и да станете дел од победничкиот тим. Се гледаме!