ДРУГАTA СТРАНА НА ПРИКАЗНАТА

Луѓето се движечката сила, моќ и енергија на Cammeo. Секој од нашите вработени е важен член на тимот и секој од нив е заслужен за она што сме денес. Горди сме на нашите возачи и затоа ви прикажуваме некои од нивните приказни овде!

Марко Кокароски, 27 години

 

Со што се занимававте пред да се вработите во  Cammeо?

Пред да станам дел од тимот на Cammeo бев доставувач на производи во супер маркети ширум државата.

 

Кое е вашето хоби во слободно време?

Најголем дел од слободното време го поминувам со сопругата, најчесто тоа се прошетки и посета на ресторани и шопинг центри

 

Што Ве привлече да се вработите во  Cammeо (каде слушнавте за вработувањето)?

Името на компанијата беше првото нешто кое ме привлече да поднесам апликација.  Cammeo ме асоцираше на отворена можност за докажување, надградување во областа на такси превозот, како и тоа што има доста новитети кои не се применети во такси дејноста досега.

 

Колку сте задоволни со месечните примања?

Во време (невреме) на пандемија каде е доста тешко да заработуваш, во Cammeo тоа е лесно и едноставно. Презадоволен сум од месечните примања за момче на 27 годишна возраст. Мојата просечна нето плата за 2021 година изнесува околу 46.000 денари, а највисоката достигна износ и од речиси 68.000 денари во Јули оваа година, што апсолутно ме прави среќен и задоволен.

 

Што највеќе Ви се допаѓа во работното место таксист?

Најмногу ми се допаѓа тоа што се издвојуваме од останатити, сите сме униформирани, возиме со најнови, хигиенски најдобри возила во државата и што е најважно се грижиме за околината. Cammeo е првата такси компанија која вози на еколошки прифатливо гориво метан и како доказ за тоа поседува ISO сертификат за еко компанија. Возиме на метан и мислиме на сите.

 

Колку време Ви требаше да се навикнете на работата?

Потребни ми беа 48 часа да се навикнам на условите и да препознаам каде сум дошол. Презадоволен сум што сум дел од тимот што победува на улиците во нашиот град и пошироко.

 

Опишeте некоја интересна анегдота

Во оваа професија секојдневно се сретнувам со многу луѓе и секако има многу интересни случки, но најголем впечаток ми остави зачудувачката реакција на патик кој беше презадоволен што своето возење во возилата на Cammeo има можност да го плати со картичка, преку ПОС терминал

 

Што би им порачале на идните колеги?

На идните колеги би им препорачал да дојдат во Cammeo за да ја почувствуваат сегашноста и да ја дочекаат иднината со одлична заработувачка и голема исполнета насмевка.

 

Што би им порачале на патниците?

На патниците би им препорачал да се возат со Cammeo затоа што ова е тоа што му треба на градот, чисто, безбедно, брзо, одговорно такси 24 часа – 365 дена во годината.

 

Cammeo ви нуди одличен приход, како и грижа да бидете максимално подготвени кога ќе седнете зад воланот. Тоа е нашата задача. Ваше е само да не исконтактирате на hr@cammeo.mk или 15 777 и да станете дел од победничкиот тим. Се гледаме!